X
 13.11.2018 Економија

Најголемите губитници меѓу милијардерите за оваа година

Тоа што некој е милијардер, па дури и кога е меѓу најбогатите луѓе на светот, не значи дека нема загуби. Покрај огромните суми пари што одредени луѓе ги имаат, не сите од нив имале совршена деловна година.

„Блумберг“ неодамна објави листа со „најголемите победници меѓу милијардерите оваа година“, на која покрај Џеф Безос и Бил Гејтс, се најдоа и неколку помалку познати имиња, како основачот на кинеската компанија за паметни телефони „Шаоми“, Леј Ѓуен, но и најбогатиот Јапонец Тадаши Јанаи.

Но, „Блумберг“ изготви и листа со некои од нив што и многу загубиле во 2018 година.

На пример, основачот на најпознатата социјална мрежа „Фејсбук“, Марк Закерберг, според пишувањата, оваа година можеби загубил 14,1 милијарди долари. Неговото богатство се проценува на околу 58,7 милијарди долари.

На листата со најголеми губитници зад Закерберг се најде Георг Шаефлер, сопственик на германската компанија „Шаефлер“, кој „загубил“ околу 701 милион долари, па сега неговото богатство се проценува на околу 12,5 милијарди долари.

Од голема загуба на пари оваа година не беше поштеден ниту основачот на „Алибаба“, Џек Ма, чие богатство се намалило за 7,42 милијарди долари.

Погледнете кој друг милијардер се најде на оваа „листа на губитници“.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија