X
 16.02.2023 Живот

Како Шпанија потроши 258 милиони евра за возови кои не ги собира во тунелите?

Шпанија потроши 258 милиони евра за возови кои се преголеми за да поминат низ тунелите на железничката мрежа.

Ова беше разоткриено од локалниот весник „Ел Комерсио“ кон крајот на минатиот месец, а потоа следуваа оставки од одговорните лица.

Во 2020 година, 31 патнички воз беа нарачани од „Ренфе“, националната патничка железничка компанија на Шпанија. Возовите требаше да ја заменат старата флота во слабо поврзаните северни автономни региони Астурија и Кантабрија.

Првично планирано да заврши во 2024 година, потребното обновување на возниот парк веројатно ќе биде одложено најмалку до 2026 година. Исто така, било откриено дека производителот ЦАФ ја означил грешката уште во март 2021 година.

Претседателот Мигел Анхел Ревилја го нарече ова „неопислива грешка“, додавајќи дека мора да има одговорност.

Кој е виновникот?


Различни страни имаа улога, вклучително и шпанскиот национален железнички оператор „Ренфе“, менаџерот на железничката инфраструктура „Адиф“, транспортниот производител ЦАФ и Националната агенција за безбедност на железницата.

По доделувањето на договорот за производство на ЦАФ, „Ренфе“ обезбедил мерења врз основа на инфраструктурните спецификации обезбедени од „Адиф“. ЦАФ подоцна предупреди дека спецификациите можеби не се точни.

Изградена во 19 век, железничката мрежа поминува низ планински предел. Има различни големини на тунели кои не се придржуваат до стандардизираните модерни димензии.

Досега двајца високи функционери се разрешени – менаџерот на возниот парк на „Ренфе“ и шефот за инспекција и технологија на патеката на „Адиф“.

Шпанската министерка за транспорт Ракел Санчез вели дека неодамна станала свесна за проблемот. Таа започнала внатрешна инспекција за тоа кој знаел за проблемот и зошто проблемите не биле решени порано.

Генералниот секретар за инфраструктура на Шпанија, Ксавиер Флорес, призна дека бил информиран за овој проблем уште пред неколку месеци.

Што ќе се случи со возовите?

Со оглед на тоа што возовите беа во фаза на дизајнирање, тие сè уште не се произведени. Иако ова ја минимизира цената на грешката, процесот кој ќе треба да се повтори, со што ќе се одложи изградбата на возовите. Тие сега ќе се произведуваат со димензии на воз кој веќе сообраќа. Исто така, „Адиф“ ќе ги ажурира своите инфраструктурни податоци.

И Франција направи слична грешка во 2014 година

Ова не е првпат да се случи вакво фијаско. Во 2014 година францускиот оператор за возови СНЦФ нарача 2.000 регионални возови кои беа премногу широки за платформите на мрежата.

Грешката беше предизвикана од грешните податоци на управителот на инфраструктурата. Во овој случај возовите веќе беа направени, така што платформите мораа да се обноват, што ја чинеше државата прилично многу.

Извор: Euronews.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот