На фејсбук повторно се шири лажен статус со закани за јавно објавување на сите приватни фотографии и пораки на корисниците, пишува
Гардијан.
Статусот и сите негови варијации датираат од јуни 2012 година и периодично се појавуваат во Њузфидот на корисниците, кои од страв да не се реализираат заканите, почнуваат да го објавуваат и споделуваат.
Сè што е напишано во него не е вистина.
За изнесените тврдења не постои ни правна основа, со оглед на тоа што се повикува на одредени закони и статути. Тој содржи тврдења дека со неговата објава се поништува согласноста на корисникот во врска со општите услови за користење Фејсбук што се нудат на секој нов член при регистрацијата.
Спорниот статус дословно гласи вака:
“Deadline tomorrow !!! Everything you’ve ever posted becomes public from tomorrow. Even messages that have been deleted or the photos not allowed. It costs nothing for a simple copy and paste, better safe than sorry. Channel 13 News talked about the change in Facebook’s privacy policy. I do not give Facebook or any entities associated with Facebook permission to use my pictures, information, messages or posts, both past and future. With this statement, I give notice to Facebook it is strictly forbidden to disclose, copy, distribute, or take any other action against me based on this profile and/or its contents. The content of this profile is private and confidential information. The violation of privacy can be punished by law (UCC 1-308- 1 1 308-103 and the Rome Statute). NOTE: Facebook is now a public entity. All members must post a note like this. If you prefer, you can copy and paste this version. If you do not publish a statement at least once it will be tactically allowing the use of your photos, as well as the information contained in the profile status updates. DO NOT SHARE. Copy and paste.”
Законот „UCC 1-308-1 1 308-103“ и Римскиот статут што се спомнуваат немаат никаква поврзаност со авторското право. Римскиот статут служи како правна рамка за Меѓународниот кривичен суд кој единствено се занимава со геноциди, злосторства против човештвото и со воените злосторници.
Со користењето на Фејсбук, секое лице автоматски се согласува да му дозволи на социјалната мрежа да ги користи неговите јавни фотографии и објави за нивни цели. Отстапувањето на правата за користење е покриено со клаузула со услови за користење што е стандардна за секој онлајн сервис каде што корисниците објавуваат свои содржини.
Иако Фејсбук тврди дека користењето на содржините од корисниците зависи од поставките за приватност, оваа социјална мрежа го задржува правото за промена на општите услови за користење.
Според тоа, ако сте ја објавиле споменатата
порака – избришете ја и кажете им на вашите пријатели дека се работи за лажна тревога.