X
 13.11.2018 Живот

Заборавете на работите што треба да ги направите, направете листа со работи што не треба да ги направите

Како и секоја возрасна личност, сигурно имате голем број обврски во текот на денот што мора да ги извршите, па правите листа со работи што треба да се завршат во текот на денот. Но, според консултантот Алисон Грим, постои многу поефикасен начин за завршување на најважните обврски.

Како што вели таа, потребно е да се направат три листи. Првата листа е за важни работи што немаат рок - работи како „купи повеќе чорапи“. Втората листа е за работи што треба да се направат веднаш како „испрати е-порака на клиент“, додека третата листа е за работи што нема да ги направите, односно работи за кои немате време. Оваа листа е добро место за сето она што можете им го пренасочите кон другите, сето она што не одговара на вашите поголеми цели или сето она што не е толку важно како другите работи од листите.

Оваа листа е слична со концептот на замена на „не можам“ со „нема“, но правилото е повеќе за да останете силни пред искушението. Нема да кажете: „Не можам да излезам вечер бидејќи работам утре“, туку велите: „Не излегувам во текот на неделата“. Листата е повеќе за работи што не ги извршувате додека работите за да ги максимирате продуктивноста и ефективноста. Комбинирајте ја практиката така што ќе функционира најдобро за вас.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот