X
 11.02.2015 Образование

Навики кои ги имаат сите успешни студенти

Тие се оние кои ги набљудувате со поглед. Си го земаат тестот, смирено ги вртат страните, ги гледаат грешките (кои се сосем малку или ги нема воопшто) и нежно ги ставаат нивните 10-ки во чантата.

Токму така, станува збор за успешните студенти кои прават се` да изгледа лесно.

Не сфаќаме дека под површината постои колекција на позитивни навики кои ги прават овие личности успешни. Не неколку, туку цела низа на навики кои предизвикуваат високо ниво на академски перформанси.

Ова се навиките кои ги имаат сите успешни студенти.

1. Не секогаш ја пишуваат домашната задача


На факултет, домашните задачи претставуваат 5 до 20% од вашата оценка. Да, можеби работењето на проблемите е еден од најдобрите начини за учење на нов концепт, меѓутоа дел од овие проблеми воопшто нема да ги има на испит.

2. Никогаш не читаат „низ“ учебникот/скриптата


Успешните студенти ги користат примерите и вежбаат проблеми, и користат Google, белешки од предавањето и стари испити како материјал за учење.

3. Тие гуглаат буквално СЕ`

Ова е како автоматска реакција. Нов проблем/задача/поглавје - Google за брзо објаснување. Немојте да мислите дека само затоа што професорот ви дал учебник и неколку примери на таблата, вие сте ограничено со тие информации. Имате масивно бесплатно пребарување, такашто треба да го искористите.

4. Често се тестираат себеси

Тестирањето ги зајакнува поврзувањата на мозокот со новиот материјал и ви дава јасна и брза повратна информација за тоа дали знаете нешто или не.

5. Учат кратко, и немаат долги маратони

Студењето на кратко ви помага во фокусирањето бидејќи знаете дека доаѓа пауза.

6. Тие работат „наназад“ на веќе решените проблеми

Успешните студенти ги земаат веќе решените проблеми и на нив започнуваат да работат наназад, од решението до прашањето „Зошто“.

7. Не поседуваат маркер


Со тоа што подвлекувате не си правите услуга. Ако сакате да забележите нешто коешто се издвојува, подвлечете го и напишете белешка до него. Уште подобро би било кога би напишале белешка со сопствени зборови.

8. Тие спијат - многу!

Дневните рутини за најуспешните студенти се карактеризирани со период на интензивна работа (4-6 часа на ден), но тие се проследени со значителен квантитет на квалитетен сон (9 часа во текот на ноќта).

9. Тие поставуваат многу прашања


Што ќе се случи доколку слушнете: „Томас Џеферсон самостојно ја подготвил Декларацијата за независност во 1776 година“.

Можеби би кажале: „Навистина интересно“ и би се обиделе да го запомнете за подоцна, а можеби и би фатиле неколку белешки.

Меѓутоа ако ве запраша некој: „Кој бил Томас Џеферсон?“, што би се променило?

Веднаш би започнале да пребарувате низ вашата меморија, размислувајќи за Декларацијата за Независност. Доаѓате до сопствен одговор, а потоа сфаќате дека не знаете многу работи. Кога бил претседател? Зошто е тој толку важен?

Што значи, важно е да поставувате прашања.

10. Го извлекуваат најдоброто од предавањето


Да, можеби професорот е лош. Или пак предавањата се досадни. Или пак професорот е пребрз и не можете да одржувате темпо такашто ги пропуштате важните работи или пак е премногу бавен и започнувате да се исклучувате.

Но, најдобрите студенти на сето тоа гледаат на следниот начин: Ќе бидат присутен без разлика на се`, па како би можел да го искористам времто додека сум во предвална? Преку прашување прашања, разгледување на материјалот, и фокусирање на важните проблеми.

11. Учат многу повеќе отколку што треба

Можеби ова ви звучи лудо и смешно, меѓутоа токму тоа го прават успешните и најдобрите студенти. И парадоксално на тоа, тие завршуваат поминувајќи помалку време обидувајќи се да разберат како треба да се направи домашната задача и помалку време учат за испитите бидејќи веќе знаат многу работи.

12. Веднаш ги учат грешките од испитот/колоквиумот

Кога ги земаат нивните испити, повеќето студенти ги разгледуваат за да видат дали професорот направил некоја грешка за којашто ќе можат да се расправаат, а потоа ги ставаат во тетратките и никогаш повеќе не ги погледнуваат. Наместо тоа, најдобрите студенти гледаат што напишале точно и потоа ги користат грешките како индикатор каде тие треба да се подобрат.

13. Зафатени се со работа и проекти

Вклучувањето во разни видови на предмети, активности и проекти, за вас носи дополнителни вештини со што ви се овозможуваат богати и различни видови на ментални модели од кои можете да користите многу работи.

14. Предавањата ги сметаат за детективска мисија

Иако можеби воопшто не се свесни за тоа, вашите професорите откриваат многу работи во врска со испитот за време на предавањата. Токму вакви докази бараат успешните ученици. Тие внимаваат на кои теми се задржуваат професорите и фаќаат белешки.

15. Не чекаат да ги погоди мотивација

Мотивацијата доаѓа и и си оди, но учењето бара упорност и доследност. Најдобрите студенти знаат како да научат иако тоа е последното нешто што сакат да го прават.

16. Вежбаат под услови за тест


Најдобрите студенти создаваат услови слични како оние за време на тест за да видат како ќе реагираат под притисок и какви ќе бидат нивните резултати.

17. Тие користат стари тестови

Професорите не се баш најиновативни луѓе. Често пати тие за време на колоквиуми и испити даваат слични или исти тестови од претходната година. Поради ова, старите тестови се еден вид „златен рудник на можности“ за вас студентите.

18. Пишуваат на хартија

Пишувањето и фаќањето белешки на лап топ е ефикасно. Можееби и премногу ефикасно. Бидејќи е толку лесно набрзина да се пишува што точно вели професорот, немате потреба да откривате за што тој точно зборува. Кога ќе пишувате на хартија, ќе знаете што тој кажува, затоа што ќе си го повторувате во себеси неколку пати.

19. Не се жалат

Нема место за жалење кај успешните студенти. Ако нешто не е во ред, тие го менуваат или игнорираат, меѓутоа не трошат енергија ниту пак време зборувајќи за него. Имате лош професор? Или променете го предметот или фокусирајте се на учењето. Имате лош учебник? Пронајдете алтернативен извор.

20. Преземаат лична одговорност за учење на материјалот

Најдобрите студенти разбираат дека тие, и само тие се одговорни за сопственото образование. И покрај најдобрите намери на универзитетите и факултетите, тие никогаш нема да можат да бидат посветени на вашиот академски успех колку што можете самите вие.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование