X
 13.11.2020 Забава

Играчите потрошиле 19,2 милиони години на најпопуларните видеоигри

Веб-страницата за продажба на игри „Гејм“ неодамна направи анализа на најиграните видеоигри во светот. Според неа, на листата со најпопуларни видеоигри се наоѓаат „Фортнајт“, „Гранд тефт ауто 5“ и „Ворлд оф воркрафт“.

Во анализата било откриено дека играчите потрошиле вкупно 19,2 милиони години играјќи ги најпопуларните 10 видеоигри. Играчите поминале 3,8 милијарди денови или 10,4 милиони години играјќи само „Фортнајт“. Тоа покажува дека оваа игра е многу популарна, особено со оглед на фактот што излезе во 2017 година.


Фото: Pixabay

10 најиграни видеоигри и вкупното време на играње

1. „Фортнајт“ (Fortnite) - 10,4 милиони години
2. „Ворлд оф воркрафт“ (World of Warcraft) - 5,7 милиони години
3. „Овервач“ (Overwatch) - 1,5 милион години
4. „Гранд тефт ауто 5“ (Grand Theft Auto V) - 729.909 години
5. „Д вичер 3“ (The Witcher 3) - 342.009 години
6. „Кол оф дјути модерн ворфер 2019 енд ворзоун“ (Call of Duty Modern Warfare 2019 & Warzone) - 273.973 години
7. „Фолаут 4“ (Fallout 4) - 114.507 години
8. „Асасинс крид одисеј“ (Assassins Creed Odyssey) - 90.377 години
9. „Рокет лиг“ (Rocket League) - 47.565 години
10. „Фифа 20“ (Fifa 20) - 11.986 години.

Во анализата се покажува и кои се најиграни игри на „Твич“. „Фортнајт“ повторно е на врвот со 1,2 милион часови. „Лиг оф леџендс“ (League of Legends) е на второто место со над 700.000 часа, а „ГТА 5“ (GTA 5) е на третото место со над 680.000 часа.

Автор: Александра Сакелариу
Извор: screenrant.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава