Деновите без смеа се залудно потрошени денови, рекол Чарли Чаплин. Мораме да се согласиме со него и да кажеме дека навистина е така.
Смислата за хумор е важен фактор со чијашто помош се зближуваме или која пак целосно не` одвојува и одбива од некои личности. Некои велат дека смислата за хумор е знак за висока интелигенција, но невозможно е да не се запрашате што е добар и квалитетен хумор. За некои некогаш шегата е смешна, а за други е безвезна и неинтересна.
Како и да е, ви ги донесуваме најдобрите вицеви за студентите, професорите, љубовта и студентскиот живот кои ќе ве насмеат и ќе ве забавуваат.
Уловил студент златна рипка
Еден студент уловил златна рипка. Рипката му рекла:
„Пушти ме и ќе ти исполнам една желба“.
Студентот зачудено ја запрашал: „Како една, нели се три желби?“
На тоа рипката одговори: „Еее, сега е по Болоњскиот систем“
Паднал професор од столица
Полагаат студентите усен испит. За тоа време професорот се клател на столчето, па во еден момент столчето се скршило и професорот паднал на подот. Студентот не можел да издржи и започнал да се смее. Професорот, полека станувајќи и чистејќи го костумот му рекол: „Ех колега, денес паднавме и двата!“
Искусен студент
Му објаснува искусниот и постар студент на неговиот цимер бруцош: „Знаеш, на факултет најтешки се првите 3 години, а тогаш кога ќе стигнеш втора година, се` ќе биде полесно!“
Испит по хемија
Професор по хемија ги прашува студентите:
„Плинот во оваа боца е смртоносен. Во случај да се ослободи, какви чекори би презеле?“
„Долги, многу долги!“, му рекол еден студент.
Испит на правен факултет
Студент полага испит на правен факултет. Професорот го прашува:
„Која е најголемата казна за бигамија?“
„Две тешти“, одговора студентот.
Три студентски лаги
„Утре почнувам да учам“.
„Ќе ја испушам уште оваа и престанувам со пушење“.
„Слечи се, нема да ти направам ништо“.
Богати и сиромашни студенти
Отишол богат студент на испит, па професорот го прашува: „Каде е фрлена првата атомска бомба?“ Студентот немал поима, па затоа му платил на професорот за да го положи. Другиот ден доаѓа сиромашен студент за полагање на истиот предмет. Професорот го прашува:
„Каде е фрлена првата атомска бомба?“
„Хирошима и Нагасаки“
„Кога?“
„Во 1945 година“
„Колку луѓе загинале?“
„3 милиони“
„Имиња колега, имиња!“
Студент без пари
Студент му се жали на неговиот колега. „Пред некој ден му испратив писмо на татко ми и му се пожалив дека немам пари и дека завршив на улица. Знаеш што ми одговори?“. „Не, што?“, го прашува неговиот пријател. „Чувај се од автомобилите сине!“.
Кога професорот не ти го знае името
Го решаваат студентите испитот. Времето поминува и сите набрзина ги предаваат тестовите. Само еден студент се`уште пишува. Професорот му вели:
„Колега, залудно се трудите, нема да ви го признам она што сега го пишувате.
На тоа студентот станува, се доближува до катедрата и вели:
„Знаете вие кој сум јас?“
„Не знам, и не ме интересира“, му рекол професорот.
„Одлично“, рекол студентот и го пикнал својот тест меѓу останатите.
Кога колегата ќе заспие на предавање
На сред предавање професорот му вели на еден студент:
„Колега, разбудете го тој до вас!“
„Разбудете го сами, вие го заспавте“, му одговара студентот.
Точен одговор
На почетокот на испитот професорот го прашува студентот:
„Како се викате?“
„Никола Николов“, вели студентот и задоволно се смешка.
„Добро, зошто се смешкате?“, го прашува збунето професорот.
„Затоа што го знаев одговорот на првото прашање“.