X
 13.11.2023 Образование

Ова не е венчавка, туку бесплатна вечера за добредојде на студентите во Сплит

На прв поглед насловната фотографија изгледа како слика од венчавка, но станува збор за нешто друго.

Студентскиот центар во Сплит организира бесплатна вечера за да го одбележи почетокот на новата академска година овој месец. Впрочем, беа организирани две свечени вечери во чест на студентите во ресторан во градот.



Оваа свечена вечера се организира традиционално, а годинава бил срушен рекордот во бројот на пријавени студенти. За само 50 минути од почетокот на пријавувањето се пријавиле 1.500 студенти. Бројот на места бил ограничен, па само најбрзите 600 студенти бесплатно уживале во свечената вечера.



Рекордниот број на пријави бил мотивација за Студентскиот центар во Сплит да организира натпревар за сите оние студенти што не добија место. Главната награда беше резервација на маса со по десет билети за секоја од двете вечери, а на социјалните мрежи беше неопходно да се означат девет лица со кои би сакале да вечераат. Една таква маса отиде во рацете на десет студенти по економија.



- Храната е одлична, амбиентот одличен и сѐ е како во празнична сала. Бидејќи заедно набавивме карти, сите се познаваме, така што ни е екстра забавно - изјави Емерцијана Алфиревиќ, бруцошка на Економскиот факултет во Сплит.

Извор: Srednja
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование