X
 05.10.2017 Живот

24-часовна достапност на осигурување од незгоди за студенти

За почетокот на новата учебна година САВА осигурување ја прилагоди постоечката понуда за осигурување на студенти од незгода со тоа што овозможи купување на истата преку интернет. Достапноста онлајн го олеснува, пред сé, информирањето за продуктот, а потоа и купувањето на самата полиса.



„Продуктите ги создаваме и развиваме многу внимателно. Во тој процес се особено важни потребите и можностите на клиентите, па затоа нашите продукти и услуги се скроени по нивна мерка. Тука особено ќе ја истакнеме достапноста. Свесни сме за брзото темпо на живеење и им овозможуваме на корисниците да ги направат своите полиси од удобноста на својот дом или седејќи некаде со мобилен во рака – преку интернет, за кратко време, во едноставна процедура и без комплицирани регистрации. Тоа се параметри по кои секогаш сме се воделе“, велат од Сава осигурување.

Секој може да се повреди. На факултет, на работа, дома, шетајќи во парк, на журка... А, несреќните случаи се придружени со трајни последици и носат трошоци за лекување, боледување и друго. Осигурувањето е тука за да обезбеди нивно покривање.
Сега, со внесување на неопходните податоци и само еден клик можете да купите полиса која 24/7 ќе ве заштити од повреди и други несреќни случаи - во рамките на факултетот или надвор од него.

Повеќе од 20 години САВА осигурување им овозможува на своите клиенти стабилност, брзи и коректни исплати на штети, развиена продажна мрежа и привлекуваат внимание со постојаните иновации во работата. САВА осигурување е препознатлива како сериозен и стабилен партнер на осигурениците и деловните соработници, со корпоративна култура базирана на транспарентност и тимска работа што ја прави високо ценета осигурителна компанија на нашиот пазар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот