X
 14.01.2015 Живот

Како шегите можат да го направат светот подобро место за живеење

Комичарот Мајкл Џуниор зборува како да се насмее една публика.

Неговото искуство во светот на комедијата најпрво започнало со изведбата во „Just for laughs“ комедискиот фестивал во Монтреал пренесуван во живо на „The tonight show“ на Џеј Лено кое веднаш стана хит. Од тогаш, комичарот се има појавено на врвни шоуа како „The late, late show“, „Oprah“, „Jimmy Kimmel Live“ итн. Исто така, има настапувано во најдобрите клубови за комедија, вклучувајќи ги и „The laugh factory“, „The punchline“ и „The comic strip“. Критичарите го фалат како еден од најталентираните комичари на денешницата.

Што значи да се биде комичар?

Нитуедно од шоуата и клубовите на кои настапува се она што го дефинира неговиот напредок како комичар, вели самиот Мајкл. Затоа и не е изненадување што тој избра да зборува за смеата. Во видеото подолу, тој ја опишува филозофската промена во тоа како тој ја гледа смеата која променила се` кај еден комичар.

Наместо едноставно да ги засмејува луѓето, Мајкл вели дека неговата најголема цел е да „ја направи смеата вообичаена на невообичаени места“.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот