X
 02.01.2015 Забава

Дали можете да ја решите оваа интересна загатка?

Четири мажи се киднапирани од психопат. Кога се будат, сфаќаат дека се закопани во песок до нивниот врат. Секој од нив носи капа - црна или бела.

Личностите А и C имаат црна капа, додека B и D имаат бела капа. Сите се наместени како на фотографијата погоре. Секој ја знае во која положба е тој сместен, како и положбата на останатите. Меѓутоа, тие не ја знаат шемата на обоените капи. Исто така, постои и ѕид пред личностите А и В. За да се појасни:

- Личноста D ги гледа В и С пред него, и знае дека А е позади ѕидот.

- Личноста С го гледа В пред него, и знае дека А е позади ѕидот, а D е позади него.

- Личноста В само го гледа ѕидот и знае дека А е позади ѕидот, а С и D позади него.

- Личноста А го гледам само ѕидот и знае дека В, С и D се на другата страна.

Психопатот вели: „Има две бели и две црни капи. Ако некој од вас каже која боја е неговата капа и погоди, ќе ве ослободам сите. Доколку ја згреши бојата на капата, ќе ве убијам сите“.

Мажите не смеат да зборуваат или да комуницираат еден со друг, или ќе умрат веднаш. Исто така, тие не смеат да се вртат и да ги гледаат сопствените капи; само капите пред нив.

Прашањето е: Од сите 4 мажи, само еден е 100% сигурен за бојата на неговата капа. Кој е?
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава