X
 14.10.2023 Живот

Психолог од најсреќната земја во светот открива која е смислата на животот

Значењето на животот и индивидуалната цел на животот се прашања кои многумина секојдневно си ги поставуваат. Еден психолог смета дека смислата на животот се сведува на неколку збора. Френк Мартела, психолог и филозоф од Финска, која е позната како најсреќната земја во светот, открива која е смислата на животот за него.

- Шест години по ред Финска е рангирана на прво место меѓу најсреќните земји во светот. Имајќи предвид дека овде живеам цел живот, научив дека пронаоѓањето на смислата на животот се сведува на овие зборови: Стани важен дел од туѓиот живот - заклучил тој.

Она што Мартела сака да го каже е дека целта на животот е да им бидете значајни на другите, т.е. некако да им дадете смисла на животот на другите. За да оставите таков впечаток кај некого, важно е да се потрудите и да ги следите чекорите кои тој ги наведува како корисни.

Не дозволувајте другите да ви го диктираат животот

Мартела смета дека една причина зошто Финците се најсреќни во светот е поради тоа што се помалку оптоварени со туѓите дефиниции за успех и среќа и самостојно наоѓаат што ги прави задоволни. Затоа живеат исполнети и среќни животи.

Станете експерт и споделете го вашето знаење

Тој советува дека е важно да пронајдете нешто што ве интересира и во кое сте добри, да се посветите на тоа и кога ќе соберете доволно знаење, да го споделите со другите.

Правете добри дела

Добрите дела ни помагаат да се чувствуваме подобро, побезбедно и посреќно, а овој психолог наведува дека добрите дела го продолжуваат животот и го подобруваат, не само на личноста на која ѝ се помага, туку и на тој што ја дава помошта.

Бидете корисен член на заедницата

Придобивката за заедницата е еден од најважните фактори што му даваат смисла на животот.

- Во времето на доминација на земјоделството, кога некој имал голем проект на својата фарма, како што е изградбата на покрив од штала, соседите доброволно се собирале и работеле цел ден за да помогнат, а потоа славеле со храна и пијалаци. Минатото лето мојата населба помина едно попладне садејќи дрвца. Таа вечер ги поставивме масите и имавме весела вечер со грицки и пијалаци. Овој вид култура е причина што Финците често се чувствуваат позитивно за граѓанските должности, како што е плаќањето даноци. Тие го гледаат тоа како суштинско за благосостојбата на целината - според Мартела.

Уживајте во мирот и тишината

Импресивноста не се постигнува со големи гестови и бурниот живот. Најсреќните моменти на кои се сеќаваме често се оние што ни носат мир. Уживањето во звуците на птиците, брановите и ветрот, убав оброк и топли прегратки се моменти кои ги паметиме.

- Луѓето не треба да прават големи гестови за да бидат важен дел од нечиј живот. Да се ​​биде заедно во тишина е доволно за да се чувствувате поврзани и сакани. Говорот е сребро, но тишината е злато - заклучил тој.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот