X
 14.01.2017 Живот

Зошто децата треба да поминуваат време на снег?

Постојат неколку ефикасни начини детето да биде сигурно и заштитено додека е надвор, а постојат и многу благодети кои ги нуди и ладното време. Ова се неколку од нив.

Во затворените простории се кријат бактериите

Мајките се свесни дека е пожелно децата да поминуваат одредено време на отворено, па дури и кога е студено, но оној инстинкт кој не тера да ги заштитиме децата често не доведува до ситуација да не дозволуваме децата да излегуваат надвор. Невозможно е децата потполно да ги изолирате и да ги заштитите од бактерии. Од друга страна, ако дозволите децата природно да дојдат во контакт со некои бактерии тоа ќе ги намали шансите кај нив да се развијат некои автоимуни нарушувања и алергии. Кај децата имунитетот се зајакнува ако престојуваат на отворено. Важно е тие да поминуваат време на свеж воздух бидејќи бактериите кои ги внесуваме дома се рециклираат и што повеќе време поминуваме на затворени, толку повеќе сме подложни на бактерии. Ако веќе не го изнесувате детето надвор, барем редовно проветрувајте ги просториите.

Снегот е одлична прилика за физичка активност

Експертите сметаат дека децата е неопходно да имаат 60 минути физичка активност секој ден. Кога чекорат по снегот, тие користат поголеми групи на мускули и потребна им е поголема сила за да се движат. Ако децата надвор поминуваат време и играат на снегот, подобро и ќе спијат, ќе им се зголеми апетитот и со самото тоа ќе бидат повеќе расположени.

Играњето на снегот ја развива имагинацијата


Снегот за децата претставува нов предизвик и психички и когнитивен. Ако клупите и лулашките се прекриени со снег или замрзнати, децата треба со помош на својата снаодливост и имагинација да најдат начин за повторно да ги користат или да пронајдат замена, Играњето на снегот бара одредени способности и затоа зимата е совршеното годишно време за развивање на истите.

Витаминот Д е многу важен и во зима

Овој витамин ја поттикнува апсорпцијата на калциум во коските и им помага да бидат цврсти и јаки. За да се добие овој витамин, еден од најдобрите начини е да престојуваме надвор, особено кога е сончево.

Како да ги заштитите децата на снегот

Одредете време кое децата ќе го поминат надвор со кратки паузи за одмор за да се загреат. Децата облечете ги слоевито. Не дозволувајте да поминуваат долго време на отворено кога се екстремо ниски температури. Проверете дали местото каде што ќе играат е безбедно, во случај да има скриени тврди и остри предмети под снегот, или пак има скриен мраз.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот