X
 08.03.2017 Наука

Детски невролог предупредува: Сами создавате аутизам кај децата!

„Одамна планирам со вас да ги споделам моите размислувања за можните последици од интензивната употреба на различни уреди со екрани на рана возраст: телевизор, компјутер, таблет, паметен телефон.

деца

Веднаш се оградувам и велам дека овде ги изнесувам само моите наоди врз основа на искуствата. Може тоа да се сфати како заплашување од незнаење - и тоа имав можност да го слушнам. Сепак, ми се чини дека сè се вклопува и полека си доаѓа на свое место...

Мојата работа налага секојдневно да се среќавам со деца со помали или поголеми пречки во развојот. Веќе пет години по правило се соочувам со истиот проблем - деца кои во просек, не зборуваат, а имаат три години. Однесувањето на овие деца е слично на однесувањето на децата со аутизам. Заедничко им е тоа што кога имале година дена, им биле дадени паметни телефони односно таблети.

Овие деца целото слободно време го поминуваат на овие уреди, буквално живеат во нив. Од тоа страда фацијалната експресија, насочувањето на погледот (контактот со очите) и емотивната сфера. Обидот од детето да се земе уредот, кај него предизвикува екстремен револт и агресија. Говорот по правило не се развил или е рудиментиран.

Комуникацијата со околината, со реалниот свет очигледно е лоша... Знаејќи колку лесно може да се помеша причината и последицата, не исклучувам дека некои од децата начелно се аутистични, а дека преокупацијата со гаџетите едноставно е една варијанта на стереотипно однесување... Сепак, следува една од кратките приказни.

Девојче на возраст од 1 година и 3 месеци, живее во Њујорк. Вниманието ми го привлече тоа што не се одзива и не реагира на уснени барања. Нема развиена вербална мимика и гестикулација. Неколку месеци претходно не било така лошо. Детето ракоплескало, мавтало за чао. Специјалистите се посомневале на пореметување од аутистичен спектар...

Добив многу видео снимки со епизоди од животот на детето. Сè започнало од 7-от или 8-от месец кога детето започнало да јаде во столица за хранење, пред вклучен телевизор. Одиме понатаму: на година дена, девојчето целото слободно време го поминувало пред некаков екран. Родителите го послушаа мојот совет и сите уреди ги тргнаа од детето. Очекувано, првите дена кај девојчето забележале раздразливост, хистерија и агресивност, било тешко да ја нахранат.

Но, се врати контактот со очите и покажувањето со рацете. Започнаа на терапија. Ја сфаќам колебливоста и субјективноста на проценките дадени на далечина. Но, сеедно - не престанува да се прашувам: Дали е возможно во „спектарот“ да се наиде на ситуации со механизам кој би можел да се карактеризира како „псевдоаутизам“? “

Автор: Олег Корењ, детски невролог
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука