Швајцарското езеро Давос нуди повеќе од прекрасен поглед. Езерото може и да „пее“.
Како што температурата се менува, пукнатините на замрзнатата површина на езерото произведуваат звуци што наликуваат на хипнотичко пеење.
Локалните жители велат дека прошетката околу езерото е мистично искуство, иако „пеењето“ е привремен природен феномен. Звуците престануваат со следното паѓање на снегот, кога пеењето на мразот е придушено од самиот снег.
Фото: Screenshot/nbcnewyork