X
 03.04.2022 Живот

Фотограф со помош на 2 милиона фотографии го покажува движењето на Месечината

Астрофотографот Ендрју Мекарти поминал еден месец фотографирајќи ја Месечината со цел да создаде ГИФ што ја прикажува убавината на нејзиното движење.

Користејќи над 2 милиона индивидуални фотографии, тој успеал да прикаже како танцува Месечината на небото. Овој танц се нарекува либерација и е резултат на малку навалената оска на Месечината и елипсовидната орбита околу Земјата.

Инспириран од фактот дека никогаш не видел ГИФ со висока резолуција од движењето на Месечината, Мекарти одлучил да го создаде. Овој подвиг барал да ја фотографира Месечината додека таа минувала во зенитот на секои 25 часа во текот на 26 дена.



Врз основа на временската прогноза, тој патувал низ Аризона за да добие најдобар поглед од Месечината.

- Обработката беше вистински предизвик бидејќи условите се разликуваа од ден на ден, па морав да направам фотографиите да бидат исти во однос на острината, контрастот и слично, и покрај тоа што секоја слика имаше различен квалитет - вели тој.

На крајот успешно составил уникатен поглед на Месечината.


- Мислам дека движењето ќе раскаже навистина убава приказна за динамичното присуство на Месечината - вели тој.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот