Пред една недела, светот го потресе ужасната вест за терористичкиот напад врз Париз, поточно врз редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Хебдо“.
Денес светот сочувствува со храбрите луѓе кои загинаа за слободата на говорот. Сите ги имаме видено и ги знаеме примероците од нивните сатирични карикатури. И читаме како голем дел од медиумите се исплашени да ги испечатат. Но, што знаеме за „Шарли Хебдо“ и неговите вистински карикатуристи кои го создадоа весникот онаков каков што е? Што знаеме за нивните сатирични амбиции и нивниот креативен процес? Искрено, не многу.
Во краткиот документарец подолу, снимен во „Шарли Хебдо“ во 2006 година од Џером Ламберт и Филип Пикард помага да се пополнат празнините. Видеото прикажува неколку од карикатуристите и уредниците убиени минатата недела.
Овие карикатуристи ги претворија „провокацијата и лошиот вкус“ во интересна француска форма на политичка сатира. Постои една стара париска традиција на дрзок хумор кој не почитува ништо и никој, која се навраќа на Француската револуција. Тоа е една анархично популистичка форма на вулгарност, која има за цел да намали било што што ќе се подигне како преподобно, свето и моќно и е насочено против авторитетот, хиреархијата и против претпоставката дека поединец или група имаат ексклузивно поседување на вистината. Оваа традиција ќе продолжи следната недела кога „Шарли Хебдо“ и преживеаните вработени ќе објават еден милион копии од нивното следно издание.