X
 14.02.2019 Живот

Единствениот грчки град каде што не се пуши во затворени простории

Кога минатиот септември грчката политичарка Дора Бакојани ја посетилa канцеларијата на градоначалникот на Кожани, сакала да запали цигара, но службениците ѝ рекле дека пушењето во затворен простор е забрането. Таа им се заблагодарила што ја потсетиле на правилата.

Целата ситуација се проширилa на социјалните мрежи и повторно го покренала прашањето: Што стана со забраната за пушење во Грција?

Од летото 2017 година Кожани е еден од малкуте градови во Грција што целосно го забранија пушењето во затворени простории. Инаку, законот во целата земја е во сила уште од 2009 година, но...

Казната за поединецот што ќе биде фатен во затворен простор со цигара е повисока од илјада евра, а полицијата многу поостро ги контролира локалите по 22 часот.

- Сметам дека примената на законот против пушење е прашање на демократија и заштита на јавното здравје. Од некого мора да почне. Постои закон, а никој не го почитува - истакна градоначалникот на Кожани, Лефтерис Јоанидис.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот