X
 02.07.2024 Живот

Во Грција половина од плажата мора да биде слободна за пешкири

Грција и оваа година се соочува со масовен туризам, поради што локалното население е особено бесно. Воведени се некои нови правила, а едно од нив предизвикува дебати - станува збор за лежалки и пешкири на плажа.

Според новите правила, најмалку 50 отсто од површината на плажата мора да остане достапна за јавноста.

На баровите и хотелите им е потребна дозвола за поставување лежалки, чадори и столчиња, а половина од плажата мора да остане бесплатна за оние што не сакаат да платат за нив, туку претпочитаат да стават сопствени пешкири и душеци.

Мештаните се особено бесни поради ова и преземаат акција во рамките на таканареченото движење пешкири за плажа, за да се спротивстават на плаќање лежалки во нивната земја.

Властите користат сателити, вештачка интелигенција и апликации за да го проверат нелегалното поставување лежалки.

Извор: Avaz.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот