Рачно изработени лампиони со сликата од министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, како и со слики на вработените ја красат новогодишната елка во Министерството за миграција и азил на Грција.
Од Министерството на социјалните мрежи споделија фотографии и видео не само од китењето на објектот и канцелариите, туку и од процесот на изработка на лампионите, меѓу кои и со ликот на Митаракис.
Шестминутното видео почнува со изработката на лампионот со министерот под звуците на божиќната песна на Мараја Кери „All I want for Christmas is you“.
Извор: МИА