X
 14.02.2021 Живот

Фотографии на „Инстаграм“ им помогнале на крадци да ограбат познати лица во Италија

Група крадци во Милано, познати како „акробатски крадци“, ги следеле профилите на „Инстаграм“ на познатите и богатите лица во градот за да ги ограбат нивните домови. Крадците биле наречени „акробатски“ бидејќи се качувале по надворешните ѕидови на зградите.

Групата ги користи фотографиите на познатите за да најде места за влегување во нивните домови и користи означени локации за да открие каде живеат и кога ќе бидат надвор од домот. Досега ограбиле повеќе познати лица, меѓу кои и ТВ-водителката Дилета Леота и фудбалерот Ахраф Хакими, пренесува Би-би-си.



Еден осомничен крадец бил уапсен во јануари, а тројца други неделава. Меѓу крадците има и 17-годишно момче.

Првиот грабеж бил направен во јуни минатата година, кога групата украла накит, чанти и други предмети во вредност од 150.000 долари од домот на Леота.

Во декември тие го искористиле истиот метод за да влезат во домот на инфлуенсерката Елеонора Инкардона. Украле чанти, облека, накит и 1.000 евра во готовина од нејзиниот дом.

Полицијата се сомнева дека крадците ги анализирале фотографиите на жртвите за да откријат какви прозорци имаат за да го планираат влезот во домовите.

Извoр: bbc.com

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот