X
 22.10.2020 Живот

Се гради велосипедска патека од 140 км околу најголемото езеро во Италија

Гарда, најголемото езеро во Италија, ќе добие нов изглед со изградбата на велосипедската патека што ќе им овозможи на велосипедистите да го заобиколат. Кога ќе биде завршена, 140-километарската патека ќе се протега околу целото езеро, кое се наоѓа во близина на Верона, Северна Италија.

„Гарда бај бајк“ е проект на кој се работи две години, а се очекува да заврши во 2021 година. Изградена од постојни и новоизградени патеки, оваа нова атракција ќе ги однесе велосипедистите од Ломбардија преку Тренто и Венето и назад. Исто така, патеката ќе се поврзе со европските велосипедски маршрути низ целиот континент, „Евровело 7“ и „Евровело 8“.

7

1

Иако возењето на целата патека може да биде прилично тешка задача, таа е дизајнирана за возачи на велосипеди со различни вештини и на различни возрасти. Патеката е широка, без стрмни наклони, и е направена од дрвени штици, така што не се потребни специјални велосипеди. Живописниот дел од патеката е отворен по должината на западниот брег на езерото.

2

4

Оваа патека не е единствениот проект што го почна Италија со кој се охрабруваат луѓето да поминуваат повеќе време на отворено и во природа. Во јуни земјата објави дека се гради нова пешачка патека наречена „Сентиеро деи парчи“ што ќе ги поврзе сите 25 национални паркови. Патеката ќе опфати делови од постојната „Сентиеро Италија“, долга 7.000 километри, која поминува низ 18 од 25 национални паркови.

5

6

Иако сѐ уште не е готов, италијанскиот министер за животна средина Серхио Коста го опишува проектот како важен знак за тоа колку владата го цени огромното природно наследство кога станува збор за одржливиот туризам, особено во овој период кога сите луѓе имаат потреба да поминуваат повеќе време во природа и на отворено.

Извор: Matadornetwork.com | Travelandleisure.com
Фотографии: ATT – Società d’ingegneria
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот