X
 14.08.2019 Забава

На италијанското лото извлечени 200 милиони евра

На италијанската лотарија „Супереналото“ се падна награда од 209 милиони евра, што е рекорд за оваа игра на среќа.

Лозот, кој чини само две евра, бил уплатен во населбата Лоди, кај Милано. Шесте среќни броја за џек-пот беа: 7, 32, 41, 59, 75 и 76.

Добитна шестцифрена комбинација на италијанското лото не е извлечена од јуни 2018 година.

Претходниот рекорд е забележан во октомври 2010 година кога беа освоени 177 милиони евра.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава