X
 14.02.2021 Живот

„Животните не се тука за да ги носиме!“ Новата кампања на ПЕТА ќе ве натера да размислите пред да купите нов џемпер

Не може да се очекува ништо помалку од ПЕТА, која агресивно ја турка својата агенда за да спаси што повеќе животни, а пред сѐ оние што исчезнуваат секој ден во бесмислената трка на модните куќи да заработат што е можно повеќе. Нивната нова кампања е насочена точно таму каде што треба и е темпирана непосредно пред почетокот на новата Модна недела во Њујорк.

Помина една година од големата победа на ПЕТА над оние што користат природно крзно во своите модни колекции и сега организацијата планира да ѝ зададе нов удар на модната индустрија, која се обидува да го нормализира осакатувањето и убивањето на животни за правење џемпери, чанти и чевли.

- Тие имаат порака за своите жртви - направете нѐ убави, збогатете нѐ, направете нѐ секси. Вие немате чувства, немате право, немате избор - порачуваат од ПЕТА и токму тоа се наоѓа на новиот спот за кампањата.

- Овцата не е џемпер, исто како што жената не е сексуален предмет - вели во видеото потпретседателката на организацијата, Лиза Ланге, додека слики од измачени модели кои се принудени да позираат на одреден начин и да се однесуваат во согласност со нормите утврдени од модната индустрија одат заедно со слики од мртви животни.

Сцената воопшто не е убава, но е неопходна за да се преиспита застареното мислење дека овците, кравите и козите се тука за да ги измачуваме и да ги убиваме. Мотото на новата кампања е „Животните не се тука за да ги носиме“.

ПЕТА досега објави стотици снимки во кои се откриваат разни складишта и кланици каде што се измачуваат и убиваат животни, се малтретираат со електрошокови или се чуваат во нехумани услови. Во моментов нивната голема кампања е против една од водечките модни куќи, која упорно одбива да престане да користи материјали од животинско потекло.


Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот