Прекрасно девојче со крупни очи става лажица „чоколино“ во устата, а во заднина се слуша глас: „Видете колку слатко јаде“ - тоа е рекламата што секојдневно се емитуваше на телевизија во раните 80-ти години.
Јасна Ковач од Загреб, девојчето од рекламата, неодамна ги развесели сите во фејсбук-групата „Осумдесеттите во Загреб“ потсетувајќи ги на тоа време со исечок од весник. Рекламата беше во сите списанија на тогашна Југославија, а можеше да се најде и на ѕидовите на болниците.
Семејството на Јасна летувало во Лошињ, а нејзиниот татко кој бил гинеколог, па често бил повикуван во тамошната болница бидејќи на островот немало многу гинеколози.
- Поради тоа тој беше познат во тој дел, но кога сите ќе ги видеа моите родители, велеа: „Мајката и таткото на девојчето од рекламата за чоколино - раскажува Јасна.
Како се прослави малото девојче од Загреб?
Буквално на улица. Ја виделе како шетала со мајка ѝ во центарот. Секогаш имала цветови во косата, лакирани чевли и била облечена по најнова мода, па се истакнувала. Ја прашале мајка ѝ дали нејзината ќерка би можела да учествува во реклама што ќе се емитува на телевизија и ќе биде на плакати.
Дознале дека рекламата ќе ја снима Иван Оршиќ, сосед на Јасна кој бил фотограф, па родителите се согласиле.
Снимањето се одвивало во кујната на семејството Ковач.
- На масата се наоѓаше класичниот чаршаф од „Рукотворин“. Сцената се повторуваше неколку пати, се глупирав како и секое дете. Тогаш не го сакав чоколиното, но одлично глумев - вели Јасна. Затоа, денес многу сака чоколино, веројатно и поради носталгија, а љубовта им ја пренела и на своите три ќерки.
Денес, како адвокатка, таа е зачудена колку била бестрашна како дете. Се запишала во музичко училиште и научила да пишува ноти пред да ги научи буквите. Студирала пијано и сакала музика.
Пријателка на Тајчи
Се пријавила на аудиција на фестивалот „Деца певају“ и поминала.
- Таму беше и Тајчи. Оттогаш се дружиме. Беше многу голем успех. Арсен Дедиќ ми напиша неколку песни - раскажува Јасна.
Одела и на фестивали, а сè уште живо се сеќава на патувањето во Цавтат со Арсен, Габи, малата Матија и нејзината мајка.
Извор:
b92.net
Фото:
Twitter