X
 18.09.2018 Економија

Контроверзната реклама на „Најки“ ѝ донесе 17.000 нови следбеници

Иако ја крена јавноста на нозе поради новата реклама, американската компанија „Најки“ достигна рекордна цена на акциите.

Рекламата, која го слави мотото на компанијата „Just do it“, го прикажува контроверзниот поранешен играч на американски фудбал Колин Каперник, поради што многумина конзервативци се побунија со уништување на опремата. Но и покрај тоа, продажбата се зголеми за 31 отсто, а на инвеститорите рекламата очигледно им се допаднала со оглед на тоа што цената на акциите на американската компанија се зголеми за 5 отсто и достигна рекордни 83,49 долари. Покрај растот на продажбата и цената на акциите, „Најки“ со овој потег доби и 17.000 нови следбеници на „Инстаграм“, а објавата на американската компанија на таа социјална мрежа е втора најлајкувана објава во историјата на „Најки“ (по објавата за Светското првенство).

Наведените нешта се во целосна спротивност со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, според кого, компанијата е апсолутно уништена поради бесот и бојкотот што го предизвика.

Колин беше првиот играч што во 2016 година почна да клечи при традиционалното интонирање на американската химна пред почетокот на натпреварите во знак на протест против полициското насилство над Афроамериканците, а тоа не им се допадна на Трамп и на многу други конзервативци. Иако од „Најки“ претходно не се изјаснуваа за оваа контроверзија, вклучувањето на Каперник во кампања во која спортистот стана ѕвезда покажува на чија страна е американската компанија.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија