X
 14.03.2017 Технологија

Како изгледал прототипот на мобилниот телефон во 1979 година?

На видеоклип од Би-би-си шоуто наречено „Tomorrow's World“ на 13 септември 1979 година, презентерот Мајкл Род прави телефонски повик користејќи прототип од мобилен телефон.

Во тоа време, мобилните телефони биле еден вид на радио линкови до оператор, кој всушност го вртел бројот - на некој начин не било користење на телефон туку „користење“ на личност која на некој начин ви обезбедува телефонски повик.

На клипот подолу, гледаме уред во кој првичната иновација била способноста сами да ги изберете бројките, со што самиот јавувач ја има контролата, додека телефонските повици од овој уред имале ограничување од само три минути.  После тоа, телефонот автоматски ја прекинувал врската. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија