X
 03.09.2018 Наука

Револуција во науката: Сега може да се следи проширувањето на клетките на ракот

Исто толку брзо колку што вештачката интелигенција еволуираше во 21 век, така и способностите на системите на вештачката интелигенција продолжуваат да растат: од примената на технологијата до брзо и прецизно дијагностицирање на болестите и други намени.

Една област што сега ја разгледува оваа технологија е следењето на ширењето и растот на клетките на ракот. Истражувачите успеале да развијат систем наречен „РЕВОЛВЕР“ (Repeated evolution of cancer) што на докторите им нуди специфични информации за ракот. Благодарение на овие информации, докторите имаат попроактивен пристап кон третманот и можат да го спречат понатамошното растење на клетките.

Со оглед на овие информации, точното следење на растењето на клетките на ракот станува критично важно. За да ги постигне овие резултати, истражувачкиот тим применил техника за секвенционирање на повеќе региони на четири типа рак: колоректален, рак на градите, ренален и белодробен - трите најчести форми според Светскиот фонд за истражување на ракот.

рак
Фото: Stanford University


Методот на машинско учење се користел во вкупно 768 примероци на тумор добиени од 178 пациенти. Резултатот бил конзистентна способност за детектирање на промени на геномот што се случиле откако туморот се зголемил.

- Развивме моќна алатка на вештачката интелигенција што може да направи предвидувања за идните чекори во еволуцијата на туморот врз основа на одредени шеми на мутација што досега останаа скриени во сложените збирови на податоци - изјави д-р Андреа Соторива од Институтот за истражување на ракот.

- Со оваа алатка се надеваме дека ќе отстраниме еден од адутите на ракот - фактот дека се развива непредвидливо, без да знаеме што ќе се случи следно. Со тоа што алатката ни дава поглед во иднината, потенцијално ќе можеме да ја користиме за да интервенираме во порана фаза и да го предвидиме следниот чекор на ракот - објаснува докторката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука