X
 03.06.2018 Технологија

Поглед на Земјата од најнапредниот американски сателит

Американскиот национален океански и атмосферски сателит за временска прогноза, наречен „GOES-17“, ги испрати првите официјални слики од нашата планета.

Сателитот, заедно со уште еден американски сателит, „GOES-16, се дел од таканаречената „GOES0R“ серија. Тие можат да скенираат поголем дел од западната хемисфера од брегот на Африка до Нов Зеланд. Нивните набљудувања од 36.000 километри над Земјата се клучни за следење на ураганите, сушите, пожарите и маглата. Двата сателити даваат неверојатни слики од нашата планета.

Најновите снимки од западната хемисфера беа направени од „GOES-17“ инструментот наречен „ABI“, кој ја скенира планетата во 16 спектрални ленти, вклучувајќи ги и видливите, инфрацрвени канали. Сето ова, на научниците им овозможува да ги набљудуваат движењата и температурата на различни видови на облаци во поголема длабочина од претходните сателити, што доведува до подобри екстремни временски прогнози.

Сателитот е уште во фаза на тестирање и нема да биде целосно оперативен до крајот на 2018 година. Ако системот за ладење не може да се поправи тимот ќе гледа да создаде алтернативни концепти и различни начини за да ја зголеми оперативноста корисност.

Погледнете ја фотографијата што „GOES-17“ успеа да ја направи.

zemja
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија