X
 27.03.2023 Живот

МОН ќе ги следи матурантите од средните стручни училишта по дипломирањето

Во насока на подигнување на степенот на вработливост кај младите, Министерството за образование и наука започнува процес на воспоставување систем за следење на кариерите на матурантите по дипломирањето во средните стручни училишта, како активност дефинирана во Стратегијата за образование 2018-2025 година.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со претставници на средните стручни училишта во државата, на која беше презентиран системот за кариерно следење на матурантите, што ќе се воведе со поддршка од фондовите на ЕУ кои, како што рече, го поддржуваат реформирањето на нашиот национален образовен систем.

- Системот е веќе креиран и поставен на посебен портал anketi.mon.gov.mk. Ќе функционира со прибирање податоци директно од учениците откако ќе дипломираат, како и од работодавците. Секој ученик од завршната година на образованието ќе може да пристапи едноставно со најава, да наведе воведни податоци за себе и своето средно стручно образование и потоа треба да пополни три прашалници. Еден на почеток по регистрирањето и два во рок од 6 месеци. Компаниите, исто така, можат да се регистрираат и да пополнат прашалник во врска со нивните потреби и очекувања за вештини кои треба учениците да ги поседуваат - информира Шаќири.

Тој додаде дека оваа постапка на дипломираните ученици и на компаниите ќе им одземе малку време, а прибраните податоци ќе бидат од големо значење за Министерството, затоа што ќе претставуваат база за креирање идни политики, но и од значење за училиштата, за тоа како и каде напредуваат нивните ученици, што исто така може да иницира промени во интерните политики.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот