X
 14.05.2018 Култура

Египет гради „нов главен град“: Каиро станал грд




Во задушениот централен дел на Каиро се издигнати билборди со кои се ветува нов начин на живот. Во рекламите за станбени комплекси под името „Regent’s Park“, „Beta Greens“ и „Uptown“ се ветува зеленило на сите страни и отворени простори. Еден од таквите плакати на фреквентната улица ги повикува набљудувачите да дишат.


Централен Каиро
(Фото: Pixabay)


Бегството во нов живот од загадениот центар на Каиро, оддалечен 35 километри, е резервирано за оние што можат да си го дозволат тоа.

Создавачите на проектот својата идеја ја промовираат како „влез во нов град, нов стил на живот, нова заедница и ново светско седиште на атракцијата“.

Се предвидува алтернативниот главен град да се простира на 700 квадратни километри, што е речиси колку Сингапур, каде што би живееле пет милиони жители.

Планот прикажува пространи високи станбени згради, како и „владин кварт“, сместени околу централната „зелена река“ – комбинација од вода и засадено зеленило со големина дупло од Централ парк во Њујорк.

Проектот е осмислен како решение за каирскиот проект со чистотата и како вовед во посветла иднина. Повеќето владини згради, вклучувајќи ја и онаа на претседателот, би требало да се преселат на новата локација до јуни 2019 година.

Се планира преселување и на седиштата на странските амбасади, како и деловни квартови кои би вклучувале 20 облакодери.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура