X
 02.08.2021 Технологија

Индијана ќе тестира нови патишта што напојуваат електрични автомобили

Германската компанија „Магмент“ склучи партнерство со властите на американската сојузна држава Индијана и Универзитетот „Пердју“ за да тестира нови, високотехнолошки улици кои автоматски ја полнат батеријата на кое било електронско возило.

Патиштата се засноваат на магнетни честички измешани во цемент кои кога ќе се наелектризираат, можат да пренесат енергија со ефикасност од 95 отсто. Техничките детали сè уште се скудни, но повеќе нешта се очекува да бидат објавени по тестирањето на мал дел од патот што се гради во близина на кампусот на „Пердју“. Ако сè биде во ред, Одделот за транспорт во Индијана може ќе изгради уште патишта низ државата, навестувајќи иднина во која јавната инфраструктура ќе биде изградена да поддржува чисти облици на транспорт.

Идејата за пат кој автоматски го полни кое било електрично возило што вози на него е присутна веќе подолго време. Други компании и власти, исто така, извршуваа ограничени тестирања. Најголемиот предизвик за технологијата не е концептот, туку наоѓањето начин за негова имплементација така што ќе има логистичка смисла.

Научниците од „Магмент“ велат дека изградбата на пат со нивни материјали би чинела исто како изградба на традиционален пат. Но, сепак, потребна е изградба на нови патишта или евентуална замена на оние што веќе ги имаме.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија