Светските истражувања на екоекспертите покажаа дека
најзагаден град во светот е Каиро, а тоа го установиле преку мерења на загадувањето на воздухот, осветлението и бучавата во градовите.
На таа листа, освен Каиро, се нашле и Делхи, Пекинг, Москва, Истанбул, Гвангжу, Шангај, Буенос Аирес и Париз.
(
Фото: Pixabay)
Интересно е што на листата од десет најзагадени града се вбројува само еден американски – Лос Анџелес.
Сите видови загадување имаат огромно влијание врз човековото здравје, а според наводите на Светската здравствена организација, девет од десет луѓе во светот дишат загаден воздух.
СЗО проценува дека околу седум милиони луѓе годишно умираат од изложеност на штетни честички во воздухот кои продираат длабоко во белите дробови и во кардиоваскуларниот систем, предизвикувајќи болести како мозочен удар, срцеви заболувања и слично.