X
 14.05.2018 Технологија

Интересни функции што ги нуди новата верзија на „Андроид“

Новата верзија на оперативниот систем за мобилни телефони на „Гугл“ ветува значителен чекор напред во однос на актуелниот „Орео“. Еве кои се најинтересните функции и новитети.

1. „Actions“

android
Фото: Profimedia


Во „Андроид П“, ова е име за специфична задача што редовно ја извршувате во склоп на апликациите (на пример, поставување на фотографии на „Инстаграм“). Функцијата е создадена за побрзо извршување на задачите, а ќе биде присутна насекаде - од паметен екран преку паметниот телефон, до звучниците на „Андроид ТВ“. Ќе биде различна за секој корисник, во зависност од тоа како го користите уредот.

2. Пологично управување со нивото на звукот

Во „Андроид П“ регулацијата на звукот ќе биде поврзана со мултимедијалните содржини, а не повиците и алармот. Сместен е близу харвдерските копчиња, а префрлувањето меѓу вибрации, тивкиот и обичниот режим на мобилниоте телефон може да се регулира со малото копче над лентата за волумен. Ако притиснете на копчињата за вклучување и зголемување на звукот, и задржете накратко, ќе можете да го префрлите мобилниот на вибрирање без отклучување.

3. Ново копче „Home“


После долго време, копчето „Home“ на почетниот екран е редизајнирано. Помало е, подолго и личи на она што „Епл“ го користи во својот модел „Ајфон Екс“. Кога ќе го притиснете, ќе излезе поле што ви ги прикажува сите отворени апликации како и предлог за неколку апликации што би можеле да ви бидат интересни. Ако лизенете по екранот нагоре, ќе се појави освежен екран со апликации.

4. Попаметни карактеристики на мултитаскингот

Ќе можете да копирате текст од апликациите кои работат во позадина и да го поставите било каде, без потреба да се префрлате од апликација во апликација.

5. Ќе го користите мобилниот телефон помалку


Најновото издание на „Андроид П“ ќе добие функција наречена „Dashboard“ што ќе следи колку време поминувате користејќи одредена апликација и ќе ве предупеди ако го преминете претходно предвиденото време. Исто така, апликацијата ќе подготвува дневен преглед на известувања за да можете да ги прегледувате одеднаш на едно место.

6. Уредување на скриншот

Во „Андорид П“ ќе можете да уредувате и означувате скриншот слики веднаш откако ќе ги направите, наместо да се префрлате на друга апликација. Ќе постои и можност за снимање на скриншот слики со користење на копчето за вклучување на уредот.

7. Побрз пристап до апликациите

Листата со апликации ќе користи вештачка интелигенција што ќе ви препорачува што можете да правите со одредени апликации, додека пребарувачот ќе ви понуди пократок пат до одредени апликации што можете да ги искористите веднаш.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија