X
 13.02.2019 Живот

Како технологијата ги промени патувањата?

Луѓето почнуваат повеќе да им веруваат на новите технологии отколку на луѓето, особено кога станува збор за патувања.

Во желбата да избегнат контакт со луѓето, дигиталните асистенти се главен потрошувачки тренд кој ќе ја обликува хотелската индустрија во 2019 година.

Компанијата „Сабре корпорејшн“ направила истражување кое покажало дека потрошувачите се навикнале да купуваат услуги без човечка интервенција, особено кога станува збор за хотелите.

Човечкиот фактор стана пречка за удобност, пред сè, поради различните начини на живот, но и урбанизацијата.

Со усвојувањето на новите автоматизирани технологии хотелиерите можат на своите гости да им понудат пониски цени и вистинско искуство без да се изгубат добрите услуги.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот