Мапата на велосипедски рути е нешто што е главно за секој турист во белгиската провинција Лимбург. Последните неколку години особено е атрактивна патеката што води низ средината на езерце.
Низ големото езеро во природниот резерват на провинцијата Лимбург во Белгија во 2016 година беше отворена велосипедска патека долга 212 метри што води низ средината на езерото.
Патеката е изградена под нивото на рибникот, со длабочина доволна за површината на водата од левата и десната страна да бидат во висина со главата на велосипедистите. Од двете страни се наоѓаат насипи високи по еден и пол метар кои ја задржуваат водата, додека под патеката се наоѓа подземен тунел што на жителите на рибникот им овозможува слободно да се движат од едниот до другиот дел, со што е зачуван екосистемот.
За оние што немаат велосипед, градот издвоил посебни средства со кои ќе можат да купат, а тоа важи и за родителите и за децата.
Главната идеја на проектот „Велосипедизам низ вода“ („Cycling Through Water“) е да се промовира велосипедскиот туризам, по кој регионот Фландрија во Белгија е веќе добро познат.
Пред повеќе од 25 години Лимбург градел мрежа на меѓусебно поврзани велосипедски патеки, а патеката низ езерцето поврзува два главни патишта. Природниот резерват „Де Вијерс“ е богат со околу 700 хектари рибници и културно-историски области, кои до неодамна биле непроодни за велосипедистите.
Мрежата од 2.000 километри строго означени и оградени безбедни велосипедски патеки, кои немаат контакт со остатокот од сообраќајот, ја прави провинцијата
Лимбург една од најпосакуваните туристички дестинации за сите љубители на велосипедизмот и други спортски и рекреативни дисциплини.