Островот Ла Диг е познат како „земјата на плажите“. Тоа е вистински тропски рај за сите љубители на егзотични дестинации.
Со прекрасна клима и прекрасни предели, ова е една од најпопуларните туристички дестинации во светот.
Ла Диг се карактеризира со специфичен народ кој сè уште ја негува традицијата стара неколку века, па туристите се охрабруваат да користат велосипеди, иако автомобилите не се целосно забранети. На островот има малку моторни возила бидејќи повеќето од жителите (околу 3.000) користат велосипеди како главно превозно средство.
Во осумдесеттите години автомобил имале само богатите семејства, а од тогашните десет возила бројката денес се искачи на 60, што е поврзано со тешкотиите за индивидуална сопственост. Имено, автомобилите не се дозволени доколку не обезбедуваат јавна услуга.
Друга опција за превоз се колите со волови, кои на туристите им овозможуваат сосема поинакво искуство, иако денес на островот остана само едно „такси“ што го влече вол.
Извор:
b92.net
Фото:
Instagram