X
 14.05.2023 Живот

Видео прикажува колку ротира Земјата за два часа

Дури и да не можеме да го видиме тоа, Земјата е постојано во движење. Фотографот Арон Џенкин од Корнвол доловува колку ротира планетата во неверојатно тајмлепс-видео на британскиот брег.

Користејќи екваторијална монтажа - уред кој има ротациона оска паралелна со оската на ротацијата на Земјата, тој успеа двочасовна снимка да ја спои и да направи видео кое трае помалку од 15 секунди. На видеото се гледа како се навалува хоризонтот до драматичен агол.

- Направив тајмлепс-видео на Млечниот Пат во Корнвол минатата ноќ - пишува Џенкин во описот на видеото.

@aaronjenkinphotography Night Photography in one of the darkest places on Earth 🌏✨ #nightphotography #photography #newzealand ♬ glued 2 deep in time Aaron Hibell edit - Aaron Hibell
Тој ја поставил својата камера со поглед кон карпа, океанот и ѕвезденото ноќно небо. Додека чамците патуваат низ водата, а зраците на светлината трепкаат горе, камерата ја следи ротацијата на планетата и ја врти сликата на нејзината страна.
@aaronjenkinphotography I captured a timelapse of the Milky Way in Cornwall last night. I used an equatorial mount to show how much our planet rotates in just 2 hours! #milkyway #timelapse #nightsky #photography ♬ snowfall (Sped Up) - Øneheart & reidenshi

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Aaron Jenkin
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот