X
 07.05.2023 Наука

Телескопот „Џејмс Веб“ пронајде свет сличен на Земјата со атмосфера

Досега научниците беа неуспешни во потрагата по планета слична на Земјата, заштитена со заштитна атмосфера. Но, благодарение на телескопот „Џејмс Веб“ ова може да е првото откритие на ваква планета.

Астрономите внимателно ја анализираа планетата ГЈ 486б, релативно блиску до нашиот Сончев систем, на само 26 светлосни години оддалеченост од соѕвездието Девица. Откриена пред две години, станува збор за карпеста егзопланета околу 30 отсто поголема од Земјата, која орбитира околу црвена џуџеста ѕвезда на секои 1,5 дена.

И покрај тоа што е толку блиску до својата ѕвезда домаќин и што има жешка температура од 400 степени Целзиусови, планетата покажува знаци дека има водена пареа - наговестување дека оваа планета можеби има атмосфера.

- Водената пареа во атмосферата на жешка карпеста планета би претставувала голем напредок за науката за егзопланетите. Но, мора да бидиме внимателни и да се осигураме дека ѕвездата не е виновникот - вели Кевин Стивенсон, главен истражувач на студијата од Лабораторијата за применета физика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

veb
Фото: NASA

Зошто ни е потребна атмосфера?


НАСА, земјината атмосфера ја нарече „безбедносна покривка“. Без неа, животот на планетата не би постоел. Таа го задржува кислородот во воздухот и го филтрира штетното ултравиолетово зрачење од сонцето, а сето тоа го одржува нашиот свет топол и погоден за живот. Освен тоа, атмосферата создава притисок што овозможува да постои течна вода на површината на Земјата.

Водена пареа била откриена на гасни егзопланети, но никогаш на карпест или копнени планети слични на Земјата, Марс, Меркур и Венера.

Сепак, можеби изненадувачки, друго можно објаснување за пареата откриена од „Џејмс Веб“, е дека водата доаѓа од надворешниот слој на блиската црвена џуџеста ѕвезда, а не од планатата. На научниците ќе им требаат повеќе набљудувања за да утврдат дали егзопланетата навистина има атмосфера и колку вода има.

Извор: Mashable.com
Фото: NASA / ESA / G. Bacon (STScI)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука