X
 26.08.2016 Наука

Што треба да знаеме за новооткриената планета слична на Земјата?

После 15 години истражување на соѕвездијата, астрономите го потврдија постоењето на карпеста планета, оддалечена само 4.2 светлосни години од Земјата, би можела да биде погодна за живот.

 

планета


Планетата Проксима б за прв пат била забележана во 2009 година во своето опкружување околу ѕвездата Проксима Кентаури.

Планетата се наоѓа на доволна оддалеченост од ѕвездите за да може да содржи вода. Иако животот не би издржал на ваква близина до сонцето, Проксима Кентаури е класифициран како црвено џуџе, ѕвезда со мала маса која има значително помала радијација од нашето Сонце.

1. Највозбудливиот факт поврзан со ова откритие

Фактот дека се наоѓа во Зона на златокосата која не е премногу жешка ниту премногу ладна значи дека може да има вода, со што се зголемува способноста за одржување на животот на оваа планета.

2. Зошто оваа планета е посебна?

Во последниве години астрономите особено членовите на Кеплер мисијата на НАСА, пронаоѓале вакви планети. Меѓутоа највозбудливо е тоа што се наоѓа на растојание од 4.2 светлосни години од Земјата, што во вселенски услови е доста блиску. Постои можност да стане достапна за луѓето после неколку децении.

Гуилем Англада-Ескуде, астроном од Универзитетот кралицата Марија, и лидер на овој тим вели дека долго време знаат дека многу ѕвезди кружат околу оваа планета. „Некако очекувавме дека блиските соѕвездија може да имаат ваква планета. Но, таа е најблиска и токму затоа сето ова е толку возбудливо“, вели тој.

3. Колкави се шансите за живот на Проксима б?

Никој не знае. Научниците уште долго време треба да се посветат и да ја истражуваат. Засега отворени се сите можности - може да е исто како на Земјата, може да е пеколно како на Венера или ладно и суво како на Марс.

4. Како научниците дошле до ова откритие?

Научниците дошле до ова откритие откако ја проучувале ѕвездата Проксима Кентаури од европската јужна опсерваторија во пустината Атакама во Чиле. Тим од 30 експерти, го забележал малиот замав во движењето на ѕвездите и открил дека на нејзината стабилност влијае гравитацијата на друго тело.

Првичните шпекулации за планетата се појавија уште во 2000 година, меѓутоа беа потребни цели 15 години за астрономите да го потврдат постоењето на Проксима б.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука