На интернет може да се најдат многу апликации за учење на англискиот јазик, но некои се покорисни од другите. Следниве се најпопуларни во моментов.
„Грамарли“ (Grammarly)
Станува збор за алатка која го поправа правописот, ги нагласува граматичките грешки и ви дава објаснување за истите. Може да се користи на компјутер, но и на мобилен телефон преку апликација.
„Анки“ (Anki)
Со оваа алатка учите англиски јазик преку повторување на реченици и фрази. „Анки“ овозможува додавање на сопствени дигитални разгледници или да користите картички од други корисници кои ќе ви помогнат при учењето.
Фото: Pixabay
„Хелоу ток“ (Hello talk)
Со оваа апликација може да разговарате со луѓе од целиот свет во вистинско време. Со тоа може да го подобрите зборувањето на јазикот.
„Јудеми“ (Udemy)
На оваа платформа има добри курсеви за учење англиски јазик, но може и да учите други вештини преку курсеви на англиски со кои истовремено ќе го вежбате и јазикот.
Би-би-си
Познатата медиумска агенција има апликација за учење англиски јазик. Може да учите нови зборови и граматика или да го подобрите изговорот преку лекции поврзани со вестите.
Фото: Pixabay
„Ајтоки“ (italki)
Оваа апликација ви овозможува слушање приватни или групни часови по англиски јазик. Часовите траат еден час и може да го одберете наставникот.
„Лингк“ (Lingk)
Оваа апликација вклучува брзи лекции и тестирање. Слушајте ги лекциите, а потоа тестирајте ја меморијата.
Извор:
Ekapija