X
 14.02.2015 Наука

Како вашиот мозок може подобро да научи?

Без разлика дали сакате да научите нов јазик или пак да научите да готвите, добро би било да знаете како учи вашиот мозок.

Додека сите учат различно, исто така сите имаме сличности во начинот на кој мозокот ги зема новите информации, и знаејќи го неговото функционирање можеме да ги избереме најефикасните стратегии за учење на нови работи.

Ви нудиме неколку начини за подобров да ја запознаете работата на мозокот во текот на учењето.

1. Информациите ги примаме подобро кога се визуелни


Мозокот користи 50% од неговите ресурси на визуелизирање. Тоа значи дека половина од моќта на вашиот мозок оди во вашите очи и се процесира во вашиот мозок она што го гледате во информациите. Другата половина мора да е поделена меѓу другите функции што вашето тело ги има.

2. Повеќе се сеќаваме на големата слика, отколку на деталите

Кога учите нови концепти, лесно е да се изгубите во информациите. Еден начин да го избегнете тоа е постојано да се враќата на големата слика. Ова се случува кога започнувате со нешто ново, и се враќате да го истражувате новиот концепт кој самошто сте го научиле.

Нашиот мозок има тенденција да зависи од суштината на она што го учиме отколку на деталите. Кога мозокот прима нови информации, тој подобро ги учи доколку тие информации се некако поврзани. На тој начин тој дава нешто на коешто информацијата може да „се закачи“ додека вие ја учите.

3. Сонот во голема мера влијае врз учењето и меморијата

Истражувањата покажуваат дека едно ноќно спиење меѓу учење на нешто ново и тестирање може значително да ги подобри резултатите. Во едно истражување на моторните вештини, учесниците кои биле тестирани 12 часа после учењето на новата вештина, со едно ноќно спиење помеѓу тестирањето, за 20.5% биле подобри од учесниците кои биле тестирани во интервал од 4 часа.

Дремките исто така можат да го подобрат учењето исто како и вечерното спиење. Истражување од Универзитетот во Калифорнија откри дека учесниците кои одмориле после завршувањето на задачата, во споредба со учесниците кои останале будни, имале подобри резултати.

4. Недостатокот на сонот значително ја намалува способноста за учење нови информации

Недостатокот на сон е страшна работа. Бидејќи не го разбираме целосно спиењето и неговата цел, не секогаш ја почитуваме нашата потреба за спиење.

Но, иако не можеме дефинитивно да откриеме како спиењето влијае врз нас, знаеме што ќе се случи доколку не добиеме доволно сон. Недостатокот од сонот не` тера да „играме безбедно“ и да избегнуваме ризици, потпирајќи се на старите навики. Исто така, недостатокот на сонот ја зголемува нашата веројатност да бидеме физички повредени, бидејќи нашето тело не ја извршува функцијата толку добро кога сме уморни.

Што е најважно за учењето, недостатокот на сонот може да ја намали способноста на мозокот да научи нови информации за околу 40%.

5. Учиме учејќи ги другите


Кога очекуваме да ги научиме другите луѓе она што го учат, ние подобро примаме нови информации затоа што подобро ги организираме во нашиот мозок, поточно се сеќаваме на нив и подобра е нашата меморија во сеќавањето на најважните делови што сме ги научиле.

Едно истражување им најави на учесниците дека ќе бидат тестирани за информации кои ги учат, а на другата половина им најави дека тие самите ќе учат некој она што го научиле. Оние кои предавале, имале многу подобри резултати отколку групата којашто ги учела информациите. Водечкиот автор на истражувањето, Д-р Џон Нестојко, изјави дека истражувањето имплцира дека размислувањата на студентите пред и за време на учењето може да направи голема разлика во тоа како подобро се учат новите информации.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука