X
 14.09.2019 Култура

Анимацијата „На убавиот син Дунав“ на Јохан Штраус е ремек-дело

Патот низ партитурата „На убавиот син Дунав“ на Јохан Штраус ја следи судбината на јунакот што на санка оди низ системот на нотите.

Анимацијата е објавена на јутјуб-каналот „Дудлхаос“, а автор е Марк Робинс. „Дудлхаос“ е канал што го создал Робинс, а како што вели, не постојат две поразлични работи од интернетот и класичната музика. Сепак, тој успеал да ги спои, а неговите содржини сега ги следат милиони луѓе.

Марк ја користи онлајн-апликацијата „Лајн Рајдер“ за создавање на неговите видеа. Апликацијата овозможува корисникот да направи видео цртајќи ги линиите по кои поминува момче на санка. Звучи едноставно, но не е. Ако се обидете, ќе видите дека секојпат кога момчето ќе тргне по линијата, ќе заврши во бездна. Сега, замислете го сето тоа со дадена партитура.

Во секој случај, не е самата анимација она што е феноменално, туку и драматичниот тек на целата приказна што ја смислил Марк.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура