X
 19.10.2015 Живот

Дознајте зошто некои луѓе пишуваат со лева рака

Левучарите го сочинуваат 10% од населението во светот, а дали детето ќе се роди како левучар може да се предвиди пред раѓањето.

 

лева


Без оглед на тоа, денес во многу земји децата се принудувани да пишуваат со десна рака, а во бројни светски јазици, како на пример англискиот, зборот за десно, „right“ истовремено значи и „точно“ и „правилно“.

Според позицијата на детото во утробата може да се утврди дали детето ќе се роди како левучар, но тоа не е целосно генетски детерминирано, па така идентичните близнаци кои имаат исти гени можат да имаат различна доминантна рака. Која е веројатноста дека детето ќе се роди како левучар зависи од тоа со која рака пишуваат нивните родители. Ако таткото пишува со лева рака, а неговата мајка со десна, тогаш детето има 17% да биде левучар и обратно - ако мајката пишува со лева, а таткото со десна, тогаш веројатноста е 22% да биде левучар. Доколку и двајцата родители се десничари, тогаш постојат 10% шанси детето да биде левучар, а додека ако двата се левучари, постојат 20% шанса детето да е левучар.

Бројни теории се занимаваат со прашањето зошто еволуцијата одржува постојан број на левучари во целата популација. На видеотот подолу погледнете во кои активности се подобри за оние кои пишуваат со лева рака, а кои за оние кои пишуваат со десна рака. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот