Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 15 ноември) до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема во возилата.
Мерката е согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, велат од МВР.
- Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска за поседување зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови - апелираат од МВР.
Извор: МИА