Ниските температури се знак дека сите возачи треба да ги опремат своите автомобили со зимски гуми. Таквиот потег е потребно да се направи најмногу заради сопствена безбедност, како и безбедност на другите учесници во сообраќајот. Погледнете во кои држави мора да имате зимски гуми на својот автомобил. Какви се правилата во европските држави?
Унгарија
Во оваа земја возачите немаат обврска да користат зимски гуми. Но, носење опрема како ланци за снег е задолжително. Ваквите правила се однесуваат и на страмците, на кои може да им биде забранет влез во земјата, ако немаат зимски гуми во автомобилот.
Австрија
Австриските возачи се должни во периодот од 1-ви ноември до 15-ти април да се прилагодат на зимските услови. Доколку возачите немаат зимски гуми, може да следува казна и од 5 илјади евра, во зависност од тоа колку возачот влијаел на одвивањето на сообраќајот. На планинските предели потребно е да се носат ланци за снег, а и брзината на двиѓење е ограничена на 40 км на час. Доколку се случи сообраќајна несреќа во која учествувал возач со летни гуми и се утврди дека летните гуми се причина за несреќата, осигурителната компанија може и да одбие да ја плати штетата во целина.
Словенија
Во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март,
возачите во Словенија мора да имаат зимски гуми. Оваа одредба не се однесува на туристите, освен ако на патот по кој се движат има снег.
Хрватска
Зимската опрема е задолжителна кога патот е покриен со снег или мраз.
Бугарија
Зимските гуми не се задолжителни. Но, постои правило дека мора да се носи дополнителна зимска опрема, кога патот е прекриен со снег.
Романија
Зимските гуми не се задолжителни со закон, но потребно е да се носи зимска опрема.
Албанија, Македонија, Црна Гора
Користењето на зимски гуми е задолжително кога има снег и мраз. Летните и зимските гуми мораат да имаат минимална длабочина од 4 милиметри.
Босна и Херцеговина
Возачите мораат да користат зимски гуми од 15-ти ноември до 15-ти април. Како алтернатива е дозволена да се користат летни гуми со ланци за снег.
Швајцарија
Не постои обврска за користење зимски гуми, но постојат патишта на кои мора да се носи зимска опрема, како на пример на планинските подрачја. Ако дојде до несреќа и причина за тоа е неносењето на зимски гуми, тогаш штетата ја плаќа возачот.
Германија
Зимската опрема е задолжителна во време на зимските услови за возење без точно прецизирање на датумите. Тогаш, потребно е носење на 4 зимски гуми и останата зимска опрема. Ако се случи возачот кој има летни гуми да влијае на попречување на сообраќајот, ќе се соочи со казна.
Франција
Не се задолжителни зимските гуми, освен во некои планински региони.
Италија
Зимските гуми се задолжителни само во некои региони и тоа на одредени датуми. За тоа е потребно дополнително информирање.
Белгија, Холандија, Луксембург
Зимските гуми не се задолжителни, освен во Белгија во период од 1-ви октомври до 30-ти април.
Данска
Употребата на зимски гуми не е дефинирана со закон. Но заради климатските услови, зимските гуми се потребни во оваа земја.
Норвешка
Исто како во Данска, не постои законска одредба за зимски гуми. Затоа постои закон дека потребно е да се користат квалитетна гуми, што полицијата им препорачува и на странските возачи.
Финска
Зимските гуми се задолжителни од 1-ви декември до 1-ви март. Казните за непочитувањето на прописите се високи.
Шведска
Зимските гуми се задолжителни од 1-ви декември до 31-ви март. Тоа не се однесува на туристите, но заради климатските услови, препорачливо е да се носат зимски гуми.
Велика Британија
Зимските гуми не се задолжителни.
Полска
Не постои обврска за носење зимски гуми, но препорачливо е да се носат за време на зимскиот период.
Словачка
Во периодот од 15-ти ноември до 31-ви март зимските гуми се задолжителни. Казната за непочитување на прописите е 60 евра.