X
 14.11.2023 Живот

Интернет-корисниците се расправаат за оваа фотографија од Сплит: Кој автомобил има предност?

Фотографија од раскрсница во Сплит, објавена на фејсбук-страницата „Сообраќајни среќи и несреќи“, предизвика дебата.

- Веќе вторпат го добивме истото прашање во врска со оваа раскрсница, па време е да се разјаснат некои работи. Дали е точно дека возилото што доаѓа од гаражата на шопинг-центарот (во жолтиот круг) треба да го пропушти возилото кое врти лево (во портокаловиот круг)?

 

Интернет-корисниците имаат различни размислувања.

- Неточно. Не се гледаат и семафорот и знакот истовремено. Ако семафорот не работеше, тогаш приоритет ќе имаше овој што врти - пишува еден интернет-корисник.

- Поголем проблем е дополнителната стрелка од гаражата за десно, каде што некои мислат дека имаат предност во однос на оној што врти од правецот на гаражата. Се чини дека секоја автошкола има свои правила - додава друг интернет-корисник.

- Прво, семафор има на двете страни. Очигледно дека и едната и другата насока имаат зелено. Овој во портокаловиот круг оди право бидејќи ако одеше лево, требаше да биде престроен во левата лента. Ако врти лево, тогаш треба да го пропушти оној што доаѓа од центарот. Ако не работат семафорите, тогаш тој што оди лево има предност на главниот пат бидејќи од центарот има триаголник - е друг коментар.

Кој има предност?


Имено, според хиерархискиот редослед на раскрсницата, прв и најважен е полицаецот. Ако е на раскрсницата, не е важно што покажува семафорот, знакот и кој од која страна доаѓа. Ако нема полицаец кој го регулира сообраќајот, се гледа светлото на семафорот.

Ако нема семафор, тогаш се гледа знакот. Но, ако нема знак, возите според правилото од десна страна, пуштање на автомобилот кој го задржува правецот на движење.

Извор: Index.hr
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот