X
 26.11.2021 Живот

Германија ги стимулира постарите да не возат: Ако ја вратат дозволата, ќе имаат бесплатен јавен превоз

Властите во многу земји размислуваат како да го намалат бројот на смртни случаи во сообраќајот.

Некои кампањи се насочени кон младите возачи, некои на проблемот со консумирањето алкохол, неносење појас или користење паметен телефон додека возат, а некои се насочени кон постарите возачи.

Во некои делови на германската покраина Баден-Виртемберг постарите граѓани од 1 декември ќе можат да добијат бесплатен годишен билет за локалниот јавен превоз доколку ја вратат возачката дозвола.

За да го направат тоа, мора доброволно и трајно да се откажат од возачката дозвола и да ја вратат на надлежните органи. Друг услов е тие да живеат во тој регион.

За трошоците што произлегуваат од оваа понуда, покраината Баден-Виртемберг обезбедила до три милиони евра од буџетот.

Целта на кампањата е да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Имено, повеќе од една третина од учесниците во сообраќајот што доживеале незгода со смртен исход биле на 65 или повеќе години, а 68 отсто од сообраќајните незгоди биле предизвикани од постари возачи.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот