X
 30.09.2018 Живот

Знаци што ќе ви покажат дека сте емоционално интелигентни

Емоционалната интелигенција значи да се биде свесен за своите емоци и начинот на кој влијаат врз нашето однесување, особено во интеракција со другите луѓе. Накратко кажано, луѓето со висока емоционална интелигенција полесно се снаоѓаат во животот. Доколку ги имате овие карактеристики, тогаш вашиот коефициент на интелигенција е повисок од другите луѓе.

1. Благодарни сте на она што веќе го имате

Кога сте повеќе фокусирани на она што веќе го имате, и сте благодарни на тоа, а не на она што го немате а би сакале да го имате, поспособни сте да си поставите нови цели во животот и да ги реализирате истите. Освен тоа, ваквото размислување ви овозможува да бидете поефикасни во сопствената околина.

2. Сфаќате дека никој не е совршен

Луѓето со висок коефициент на емоционална интелигенција знаат дека ниту тие, ниту било кој човек на планетата не е совршен. Сите ние сме луѓе со маани и секој може да работи на себеси за да стане подобра личност. Со тоа кажано, можете да си помогнете да ги поправите сопствените маани и да бидете подобар човек и притоа да немате нереални очекувања.

3. Многу сте љубопитни


Секогаш сте во потрага по одговори и нови професии. Вашата незаситна љубопитност ви овозможува да постигнете подобрувања во самите себеси и во сето она што ве опкружува. Вашата позитивна енергија и страст за животот ги привлекува луѓето околу вас на кои им помагате и сами во животот да ги видат можностите.

4. Имате развиена самосвест

Свесни сте за својата сила и за вашите слабости. Тоа знаење ви овозможува целосно да го искористите сето она што може да ви помогне да ги постигнете животните успеси.

5. Емпатични сте


Луѓето со висока интелигенција исто така се доста емпатични, односно способни се да сочувствуваат со другите што ви помага во секоја негативна ситуација да пронајдете нешто позитивно и да пронајдете решение за конфликти.

6. Добро се прилагодувате на промени

Не се доживувате како жртва на промените, туку ги прифаќате промените и знаете како да се прилагодите. Сфаќате дека во животот промените се неизбежни и им посакувате добредојде бидејќи ги доживувате како нови можности.

7. Се грижите за вашето физичко и ментално здравје


Свесноста за важноста на вашето здравје, и менталното и физичкото, исто така е карактеристика на луѓето со висок коефициент на емоционална интелигенција. Занете дека доброто здравје ви овозможува да го постигнете сето она што го сакате во животот и затоа се грижите за вашиот ум и тело хранејќи се здраво, вежбајќи, одмарајќи се и одржувајќи ги здрави односите со другите луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот