X
 14.12.2018 Култура

Безвремени и волшебни бајки што треба да ги има секое дете

За децата, односно за најмладата читателска публика, „Просветно дело“ несебично создава, креира и одбира најубави едиции, сликовници, книги, енциклопедии... кои топло ги препорачува за читање. Тоа што е безвремено и волшебно треба да го има секое дете во својот дом.

Такви се и „Најубавите бајки од Андерсен“ и „Најубавите бајки од браќата Грим“, кои концепциски содржат по 15 бајки, и тоа најубавите и најпознатите: Дивите лебеди, Грдото пајче, Снежната кралица, Девојчето со кибритчиња и други од Андерсен, како и: Јованче и Марика, Волкот и седумте јариња, Баба Марта, Златокоса и други од браќата Грим. Ова се познатите бајки со кои растат сите деца во светот.



Овие бајки сега се „спакувани“ на едно место, во луксузна сликовница, со убави илустрации во преден план и со ненаметлив детски раскажувачки стил.

Модерно се дизајнирани, секоја бајка има карактеристични илустрации, кои ги прават различни едни од други, а сите се привлечни, интересни и убави. Се посочуваат одредени човекови карактерни особини и црти предадени преку животните, а кои длабоко во себе носат клучни пораки.



Разиграноста на текстот преку различните букви и по форма и по големина, создава стилизиран визуелен ефект кој е мошне привлечен и за децата и за возрасните. Затемнетите букви апелираат пораки, мудри мисли, зборови за памтење.

Сите овие елементи заедно ги воведуваат децата во светот на волшебните и безвремени бајки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура